Преглед на дивидендни календари
среда, 06 април 2005
Користејќи ги добиените податоци од котираните друштва Македонската берза изготви збирен преглед на дивидендните календари, кој може да се најде на интернет страницата на Македонската берза, во делот Друштва и пазари. Истиот ќе се ажурира соодветно на динамиката на пристигнување на информациите од котираните друштва.