Известување од Адинг АД Скопје
среда, 06 април 2005
Адинг АД Скопје известува дека Собранието на друштвото ќе се одржи на 28.04.2005 година со почеток во 14:00 часот, во административната зграда во Скопје, на ул.Новоселски пат бб, со следниот Дневен ред:
1. Избор на претседавач на Собранието.
2. Одобрување на годишната сметка, на финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на друштвото во 2004 година.
3. Одлучување за распределба на добивка.
4. Усвојување на дивиденден календар.
5. Одобрување на работата и на водењето на работењето со друштвото на членовите на управниот и на надзорниот одбор.
6. Избор на ревизор за годишната сметка за 2005 година.
7. Избор на членови на надзорен одбор.
Воедно, Адинг АД Скопје известува дека Управниот одбор на друштвото го предлага следниот дивиденден календар:
- Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 год.: 12.05.2005 год.
- Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 год.: 16.05.2005 год.
- Датум на пресек на книга на акции: 17.05.2005 год.
- Исплата на дивиденда за 2004 год. ќе се изврши во законски рок.