Бришење на издавачот Интерпромет АД Тетово од Листата за набљудување
петок, 06 март 2026

Ве известуваме дека на ден 06.03.2026 година, Берзата изврши бришење на издавачот Интерпромет АД Тетово од Листата за набљудување што се објавува на веб страницата на Берзата, поради тоа што постапката за поделба на друштвото е завршена. 

Издавачот Интерпромет АД Тетово беше внесен на Листата на набљудување на 02.02.2026 година, согласно член 61-а од Правилата за котација, поради објавена одлука за поделба на друштвото.