Известување од Макпетрол АД Скопје
петок, 06 февруари 2004
Макпетрол АД Скопје достави известување до Македонската Берза во кое е наведено дека врз база на согледувањата на стручните служби Макпетрол АД Скопје очекува за деловната 2003 година да оствари добивка во висина поголема од 400 милиони денари, односно над 6,5 милиони евра. Соодветно на тоа Органите на управување ќе дадат предлог на Собранието на друштвото да изгласа исплата на дивиденда, која не би била пониска од 2%.