Успешно реализирана трета обука за корпоративни секретари
петок, 06 декември 2024

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Македонската берза АД Скопје и Институтот на директори, успешно ја реализираа третата обука за корпоративни секретари, која се одржа од 02-ри до 4-ти декември 2024 година во просториите на Македонската берза.  

Обуката беше наменета за актуелни и идни корпоративни секретари, како и за професионалци од областа на корпоративното управување, со цел унапредување на нивните знаења и вештини во клучните аспекти на регулаторна усогласеност, организација и поддршка на одбори и примена на современите европски стандарди. Преку интерактивни сесии и експертски предавања, учесниците добија практични совети од врвни пофесионалци.  

Во согласност со својата мисија за поддршка на професионализмот и транспарентноста,  Комисијата за хартии од вредност и Македонската Берза заедно со Институтот на директори активно ќе продолжат со иницијативи насочени кон создавање платформа за континуирано вмрежување на корпоративните секретари, која ќе овозможи размена на најдобрите практики и искуства, организација на почести обуки фокусирани на актуелни законски измени и примена на современи регулаторни стандарди  како и унапредување на вештините на корпоративните секретари согласно најдобрите европски практики. 

Галерија на слики од обуката на следниот линк: https://www.flickr.com/photos/201486242@N07/albums/72177720322372430/