Од денес (06.12.2017 година) започнува новиот циклус на Виртуелната берза. Со цел поцелосно пресликување на реалното тргување преку Македонската берза на тргувањето што се реализира преку Витруелната берза во овогодинешниот петти циклус на проектот се воведени изменети правила на тргување кои се однесуваат на количината на акции со кои може да се тргува на дневна основа. Воедно, воведена е и провизија од 1,5% на вредноста на склучените купопродажни трансакции.
Учесниците во Виртуелната берза ќе имаат можност да ги испробаат своите вештини во виртуелното тргување со хартии од вредност и да стекнат практично искуство од вложување во акции што се тргуваат на Македонската берза.
Виртуелната берза е замислена како игра на знаење во која целта е остварување на што поголема вредност на портфолиото што се креира со купување и продажба на акциите што котираат на Македонската берза со виртуелни пари доделени со самата регистрација.
Повеќе детали за правилата за играта, условите за користење, како и наградите што ќе се доделуваат на најуспешните корисници во Виртуелната берза можат да се најдат на следниот линк: http://virtuelna.mse.mk/
Регистрација за учество во играта може директно да се направи преку линкот: http://virtuelna.mse.mk/registration
Нов петти циклус на Виртуелна берза
среда, 06 декември 2017