Промена во сопственичката структура на Топлификација АД Скопје
понеделник, 06 декември 2004
Преку блок трансакција со акции на Топлификација АД Скопје, на 06.12.2004 година, беа истргувани 70.000 обични акции на друштвото, што претставува 15,56% од основната главнина. Купувач на акциите е Потеза борзно посреднишка дружба д.д. Љубљана, Република Словенија.