На седницата одржана на 30.10.2015 година Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Агроплод АД Ресен. Мерката се изрекува заради необјавување на неревидиран биланс на успех, ненавремено објавување на неревидирани финансиски извештаи, ненавремено објавување на јавен повик за свикување на Собрание на акционери и необјавување на содржината на донесените одлуки од Собрание на акционери најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување, односно неисполнување на обврските од член 39 став (1), (2) и (7) како и член 40 став (2) и (3) од Правилата за котација.
Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став (1) алинеа 1 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Агроплод АД Ресен да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.
Јавна опомена за котираното друштво Агроплод АД Ресен
петок, 06 ноември 2015