Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 05.01.2005 година
четврток, 06 јануари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 05.01.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 1.600 сопствени обични акции, и тоа:
o 36 акции по цена од 1.996 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 211 акции по цена од 1.998 денари за една акција, преку 3 трансакции;
o 1.353 акции по цена од 1.999 денари за една акција, преку 5 трансакции.