Со Решение на Комисијата за хартии од вреднот на Република Македонија бр. УП/10-41 од 29.06.2018 година се потврди Одлуката бр.02-1585/1 од 29.12.2017 година донесена од Одборот на директори на Берза за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво РЖ Услуги АД Скопје. Мерката се изрекува заради неневремено објавување на одлуките донесени од Собранието на акционери на друштвото, односно неисполнување на обврските член 39 став (7) од Правилата за котација.
Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став (1) алинеа 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото РЖ Услуги АД Скопје да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.
Јавна опомена за котираното друштво РЖ Услуги АД Скопје
четврток, 05 јули 2018