Прес конференција на Македонската берза
вторник, 05 јули 2011
На 04.07.2011 година во Стопанската комора на Македонија Македонската берза одржа прес конференција за време на која беа презентирани резултатите од работењето на Берзата во првите шест месеци од оваа година. Во периодот јануари-јуни на Берзата е остварен промет од 6,3 милијарди евра, или нешто повеќе од 103 милиони евра, што претставува пораст од 250% во однос на истиот период лани. Главниот извршен директор Иван Штериев истакна дека овој раст се должи пред сена зголемениот промет со блок трансакции кои во вкупниот промет остваруваат учество од 55,3%, потоа реализираните јавни берзански аукции, како и јавната понуда на хартии од вредност.
 
           

Беа презентирани и фактите за котираните компании, а за прв пат Берзата ги презентираше и дивидендите кои котираните друштва ги исплатиле за 2009 и 2010 година. На крајот од презентацијата беа прикажани и податоците за движењето на прометот и индексите на одбрани берзи од регионот. На претставниците на медиумите им беше поделена новата публикација од Фактите за котираните компании, како и шестмесечниот статистички билтен на Берзата.

Презентацијата на резултатите од работењето на Македонската берза во првото полугодие од 2011 година