Времен прекин на тргувањето со акциите на Бетон АД Скопје
четврток, 05 јули 2007
Согласно точка 3.61. од Процедурите за тргување на Македонската берза АД Скопје и Заклучокот на Одборот на директори на Македонската берза од 20.11.2006 година, а поради објавување на ценовно чуствителна информација, времено се прекинува тргувањето со акциите на Бетон АД Скопје.
Тргувањето со акците на Бетон АД Скопје е времено прекинато поради добивање на допис број 01-4056 од 05.07.2007 година од Бетон АД Скопје во кој друштвото ја известува Берзата дека во текот на денешниот ден, согласно точка 6.07. од Правилата за котација, преку СЕИ-НЕТ Бетон АД Скопје ќе објави известување за промените во акционерската структура на друштвото, по порамнувањето на склучената блок трансакција на 03.07.2007 година, со која се изврши купопродажба на 10.131 акции на Бетон АД Скопје што претставува 23,19% од основната главнина на друштвото.
Јавноста ќе бидат дополнително информирана за продолжувањето на тргувањето со акциите на Бетон АД Скопје.