Откуп на сопсствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 04.07.2005
вторник, 05 јули 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 04.07.2005 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
-Скопски Пазар АД Скопје изврши продажба на 9 сопствени обични акции по цена од 4.600 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 04.07.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макотекс АД Скопје - 75 обични акции;
-Гранит АД Скопје - 544 обични акции;
-Бетон АД Скопје - 15 обични акции;
-Тутунски комбинат АД Прилеп - 40 обични акции;
-Комерцијална банка АД Скопје - 6 приоритетни акции;