Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 02.06.2006
понеделник, 05 јуни 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 02.06.2006 година Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 5.902 сопствени обични акции по цена од 31.270 денари за една акција, преку 1 трансакција на Јавна берзанска аукција;
На 02.06.2006 година Реплек АД Скопје изврши откуп на 700 сопствени обични акции по цена од 35.438 денари за една акција, преку 1 трансакција на Јавна берзанска аукција;
На 02.06.2006 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 4.622 сопствени обични акции по цена од 3.344 денари за една акција, преку 1 трансакција на Јавна берзанска аукција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 02.06.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Алкалоид АД Скопје – 110 обични акции.