На 30 Март беше одржано редовното годишно Собрание на Македонската берза по што следуваше гала вечера на која присуствуваа гости од политичката сцена, директори на банки, ревизорски куќи, котирани компании, дирекции за работа со хартии од вредност, како и претставници од Комисијата за хартии од вредност и Централниот депозитар за хартии од вредност.
На гала вечерата пригодно обраќање имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Владо Бучковски и Главниот Извршен директор на Берзата, г-дин Иван Штериев.
Беше презентирана видео монографијата “10 години Македонска берза“ која заради големината на фајлот не можеме да ви овозможиме да ја проследите на интернет страницата на берзата, но сите заинтересирани може да ја добијат бесплатно доколку ја контактираат Македонската берза. Воедно, беше промовирана и печатената монографија која можете да ја видите ТУКА..
Обраќањето на г-дин Иван Штериев, Главен Извршен директор на Македонската берза АД Скопје, можете да го видите ТУКА..
На 31 Март во Хотел Александар Палас се одржаа два настани: конференција и официјална церемонија.
Конференцијата беше на тема “Ниво на развој на берзите од Југоисточна Европа: Што понатаму?“, при што беа одржани две панел дискусии и тоа: Првата панел дискусија беше со учество на странски екперти од областа на пазарот на хартии од вредност: г-дин Андреј Шкета- Потпретседател на Љубљанска берза, г-ѓа Гордана Достаниќ- Директор на Белградска берза, г-дин Пантелеј Карасимеонов-Бугарска берза, г-дин Василис Маргарис- Директор на Берзанскиот центар од Солун, г-ѓа Мелита Марчета- Директор на Вараждинска берза и г-дин Арил Серен- Генерален секретар на ФЕАС и Потпретседател на Истанбулска берза. Модератор на панелот беше г-дин Иван Штериев, Главен Извршен директор на Македонска берза.
Дел од презентациите на претставниците на странските берзи можете да ги видите ТУКА..
Втората панел дискусија беше со учество на домашни експерти од областа на пазарот на хартии од вредност: проф. Д-р Тито Беличанец- Правен факултет, проф. Д-р Михаил Петковски- Економски Факултет, г-дин Срѓан Крстиќ- Извршен директор на ФХЛ Мермерен Комбинат АД Прилеп и г-дин Ѕвонко Станковски- Претседател на Одборот на директори на Македонска берза. Модератор на панелот беше проф. Д-р Јане Миљовски, Декан на Универзитетот “New York“ во Скопје, независен член на Одборот на директори на Македонска берза.
Официјалната церемонија започна кога Претседателот на Република Македонија, г-дин Бранко Црвенковски со отчукувањето на берзанското ѕвоно го означи влегувањето на Македонската берза во втората деценија од своето работење, а веднаш потоа имаше пригодно обраќање (говорот на Претседателот Црвенковски можете да го видите ТУКА..) Обраќања имаа и проф. Д-р Весна Пендовска- Претседател на Комисијата за хартии од вредност и г-дин Andy Wilson- Главен извршен директор во International Securities Consultancy London UK.
Во рамките на дводневната прослава беа доделени плакети по повеќе основи. Списокот на добитниците на плакетите можете да го видите ТУКА..