Тридневен едукативен семинар
среда, 05 март 2003
Во рамките на билатералната соработка на Македонската берза АД Скопје и Атинската берза/Берзанскиот Центар - Солун, а со цел подобро запознавање со некои аспекти во функционирањето на пазарот на хартии од вредност, во заедничка организација на Македонската берза АД Скопје и Берзанскиот Центар - Солун ќе се одржи тридневен едукативен семинар. Семинарот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Грција.
Семинарот ќе се одржи на 17-19 Март 2003 година, во Хотел Холидеј Ин Скопје, Сала Милениум 2. Предавачи на семинарот ќе бидат грчки експерти од областа на пазарот на хартии од вредност од Берзанскиот Центар - Солун и Ernst&Young - Грција.
Во рамки на семинарот ќе биде организирана и панел дискусија на тема “Улогата на пазарот на капитал во финансирањето на економскиот развој - Искуства од Република Грција”.
На семинарот ќе бидат поканети сите котирани акционерски друштва на Македонската берза АД Скопје, банки и брокерски куќи, како и новинари кои го следат работењето со хартии од вредност.