Известување од Печатница 11 Октомври АД Прилеп
четврток, 05 февруари 2004
Печатница 11 Октомври АД Прилеп информира за поважни настани во работењето на друштвото во текот на 2003 година:
• Одобрен кредит од страна на Стопанска банка АД Скопје во износ од 1.250.000 ЕУР со рок на враќање од 5 години. За обезбедување на кредитот под залог е ставен недвижен имот во вредност од 1.268.400 ЕУР и подижен имот во вредност од 1.350.000 ЕУР. Средствата од кредитот биле наменети за набавка на опрема за печатење и штанцање и биле искористени во текот на септември и октомври;
• Преземени инвестициони активности: реконструкција на дел од постоечките објекти во износ од 1.000.000 денари;
• Даден е под закуп деловен објект и опрема лоцирани во Македонски Брод;
• На 42 вработени им престанал работниот однос согласно програмата за престанок на работниот однос со отказ поради економски, технолошки, структурални или слични промени.