АДГ МАврово Скопје
среда, 05 декември 2007
Ве известуваме дека со Решение бр.08-3498/4 од 29.11.2007 година на Комисијата за хартии од вредност се задолжува Македонската Берза АД Скопје да го суспендира тргувањето со обичните акции издадени од страна на акционерското друштво со посебни обврски за известување АДГ Маврово Скопје.
Поради тоа, Македонската берза АД Скопје почнувајќи од ден 06.12.2007 година продолжува со прекин на тргувањето со обичните акции издадени од страна на акционерското друштво АДГ Маврово Скопје во период од 30 работни дена.