На 05.11.2018 година Македонска берза АД Скопје времено го прекина тргувањето со акциите издадени од Топлификација АД Скопје во очекување друштвото да објави известување во врска со предлогот за отворање на стечајна постапка над Топлификација АД Скопје.
Имајќи го предвид објавеното известување од Топлификација АД Скопје на СЕИ-НЕТ, тргувањето со акциите издадени од Топлификација АД Скопје ќе продолжи во 10:45 минути.