Одлука за утврдување на условите и начинот на доделување на награда за истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија
понеделник, 05 ноември 2007
Врз основа на член 41 од Статутот на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје на својата LXII седница одржана на ден 31.10.2007 година донесе
ОДЛУКА
за утврдување на условите и начинот на доделување на награда за истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија
1. Се распишува Конкурс за годишна награда за истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.
2. Вредноста на годишната награда за истражувачкиот труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија кој ќе биде избран како најдобар изнесува 60.000,00 денари нето.
3. Изборот на најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија го врши Комисија формирана за таа цел составена од 5 (пет) члена и тоа 3 (три) представници од Македонска Берза АД Скопје и 2 (два) надворешни членови.
4. За членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд како представници од Берзата се именуваат:
• проф. др. Јане Миљовски – Неизвршен член на Одбор на директори
• Иван Штериев – Главен Извршен директор
• Илчо Лазарески - Стручен соработник за котација и прием на хартии од вредност
5. За надворешни членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд се именуваат:
• проф. др. Михаил Петковски
• доц. др. Сашо Арсов
6. За Претседател на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд се именува проф. др. Михаил Петковски.
7. Останатите услови за добивање на награда за истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија во однос на темата, формата, содржината и намената на истражувачкиот труд, правото на учество на конкурсот, начинот на доставување на истражувачкиот труд, потребните податоци во прилог на трудот и крајниот рок за доставување на трудот се утврдени во конкурсот од точка 1 на оваа Одлука кој ќе биде објавен во најмалку два дневни весници што излегуваат на цела територија на Република Македонија и на веб страницата на Берзата. Текстот на конкурсот е составен дел на оваа Одлука.
8. Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување.
9. Одлуката да се достави до архивата на Берзата и до именуваните членови на Комисијата и да се објави на веб страницата на Македонска берза.
Одбор на директори
Претседател
Лидија Трајковиќ