Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 04.11.2004 година
петок, 05 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 04.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 37 сопствени обични акции и тоа:
o 1 обична акција по цена од 12.201 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 19 обични акции по цена од 12.210 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 17 обични акции по цена од 12.250 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 50 сопствени обични акции, по цена од 1.000 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 04.11.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Охридска банка АД Охрид – 14 обични акции.