Откуп и продажба на сопствени акции на котирани компании на 04.10.2005 година
среда, 05 октомври 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 04.10.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
-РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 146 сопствени обични акции, по цена од 35 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-Тетекс АД Тетово изврши откуп на 2.623 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 1 трансакција.
На 04.10.2005 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
-Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 50 сопствени обични акции, по цена од 2.750 денари за една акција, преку 1 трансакција.