Откуп и продажба на сопствени акции од котирани друштва на 04.10.2004 година
вторник, 05 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 04.10.2004 година следниве котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.945 сопствени обични акции, по цена од 90 денари за една акција, преку десет трансакции;
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 50 сопствени обични акции, по цена од 950 денари за една акција, преку две трансакции;
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 30 сопствени обични акции, по цена од 2.650 денари за една акција, преку една трансакција.
На 04.10.2004 година следниве котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши продажба на 17.771 сопствени обични акции, по цена од 1.900 денари за една акција, преку една трансакција.