Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции на котирани друштва на 03.07.2006
вторник, 04 јули 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 03.07.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 650 сопствени обични акции по цена од 2.500 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 03.07.2006 година Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 9 сопствени обични акции по цена од 27.300 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 03.07.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макпетрол АД Скопје – 51 обични акции.