Ревидиран извештај за 2003 година на РЖ Институт АД Скопје
петок, 04 јуни 2004
РЖ Институт АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 20.994.000 денари. Вкупната актива на РЖ Институт АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 69.178.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 24.018.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на РЖ Институт АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.