Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Бетон АД Скопје, поради стечај на друштвото. Акциите издадени од Бетон АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата, почнувајќи од 05.05.2023 година (Петок).