Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 03.05.2006
четврток, 04 мај 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното: На 03.05.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 341 сопствени обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 2 трансакции; На 03.05.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 70 сопствени обични акции по цена од 2.550 денари за една акција, преку 1 трансакција; Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 03.05.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): -Тутунски комбинат АД Прилеп – 88 обични акции.