Известување од Реплек АД Скопје
среда, 04 мај 2005
Реплек АД Скопје известува дека седницата на Собранието ќе се одржи на 10.05.2005 година со почеток во 14:00 часот во просториите на Друштвото, со следниот предложен Дневен ред:
I
1. Избор на претседавач на Собранието, записничар и двајца заверувачи на записникот;
2. Извештај за работењето на друштвото;
3. Извештај од овластениот ревизор за извршената ревизија на годишната сметка на Реплек АД за 2004 година - мислење и извештај на Надзорниот одбор на Реплек АД;
4. Разгледување на годишната сметка на Реплек АД за 2004 година
- донесување на одлука за усвојување на годишната сметка за 2004 год. и
- донесување на одлука за распределба на добивката по годишната сметка за 2004 год;
5. Именување на ревизор на годишната сметка на Реплек АД за 2005 година.
II
1. Донесување на одлука за измена и дополнување на Статутот на Реплек АД Скопје;
2. Донесување на одлука за разрешување на членовите на Управниот одбор на Реплек АД Скопје;
3. Донесување на одлука за разрешување на членовите на Надзорниот одбор на Реплек АД Скопје;
4. Донесување на одлука за избор на членови на Надзорниот одбор на Реплек АД Скопје;
За реализација на одлуката за распределба на добивката за 2004 година, Управниот одбор го предлага следниот дивиденден календар:
- последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 година: 16.05.2005 година;
- прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 година: 17.05.2005 година;
- датум на евиденција според која се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2004 година: 19.05.2005 година;
- исплатата на дивидендата за 2004 година ќе се реализира согласно законските рокови.