Ревидиран извештај за 2003 година на Алкалоид АД Скопје
вторник, 04 мај 2004
Алкалоид АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 236.454.000 денари. Вкупната актива на Алкалоид АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 5.540.132.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 997.426.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Алкалоид АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.