Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.УП1 08-45 на Комисијата за хартии од вредност донесено на ден 28.03.2011 година со кое се одзема дозволата за работа на брокерската куќа Нови Триглав АД Скопје, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Нови Триглав АД Скопје. Оваа одлука ќе се применува од 05.04.2011 година.
Со трајното исклучување од членство, членката Нови Триглав АД Скопје го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон Нови Триглав АД Скопје кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на Нови Триглав АД Скопје, остануваат во сила.