Согласно добиеното Решение од Комисија за хартии од вредност на ден 04.03.2011 година со кое се изрекува привремена забрана за вршењето на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Фершпед брокер АД Скопје, известуваме за следното:
Членката Фершпед брокер АД Скопје е суспендирана од тргување со хартии од вредност на Македонска берза АД Скопје во времетраење од 30 работни дена, започнувајќи од ден 07.03.2011 година. Воедно, согласно Решението од КХВ, брокерската куќа Фершпед брокер АД Скопје ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната.