Информации од Стопанска банка АД Битола
петок, 04 март 2005
- Собранието на акционери на Стопанска банка АД Битола ќе се одржи на 23.03.2005 година, со почеток во 12.00 часот во просториите на Банката;
- Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола му предлага на Собранието на Банката дивидендата за 2004 година на 1 приоритетна акција да изнесува 16,7 % (501,00 денар) во однос на нивната номинална вредност, а дивидендата за 1 обична акција да изнесува 16,7 % (501,00 денар) во однос на нивната номинална вредност.
- Управниот одбор на Банката го предлага следниот дивиденден календар:
o Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 година е 31.03.2005 година;
o Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 година е 05.04.2005 година;
o Датум на пресек на книгата на акции е 06.04.2005 година;
o Исплатата на дивиденда за 2004 година ќе започне во рок од 30 дена од одржувањето на седницата на Собранието.
Со оглед на фактот што Стопанска банка АД Битола го објави дивидендниот календар на горенаведениот начин, се подразбира дека и тргувањето на 04.04.2005 година со нивните акции ќе биде без право на дивиденда.