Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 03.02.2005 година
петок, 04 февруари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 03.02.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 35 сопствени обични акции, и тоа:
o 5 акции по цена од 14.500 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 30 акции по цена од 15.000 денари за една акција, преку 1 трансакција.