Одлука за котација на Одборот на директори
среда, 04 декември 2002
Одборот на директори на својата седница одржана на 04.12.2002 година донесе Одлука за котација на Официјалниот Пазар на Македонската берза АД Скопје на следниве акционерски друштва:1. Макпетрол АД Скопје-Основна главнина 106.480 обични акции и 5.902 приоритетни акции по номинална вредност од 511,29 ЕВРА.2. Комерцијална банка АД Скопје- Основна главнина 365.283 обични акции по номинална вредност од 5.000,00 денари и 187.652 приоритетни акции по номинална вредност од 1.000,00 денари.3. Охридска банка АД Охрид- Основна главнина 194.198 обични акции и 30.951 приоритетни акции по номинална вредност од 2.650,00 денари.4. Жито леб АД Охрид - Основна главнина 14.935 обични акции и 719 приоритетни акции по номинална вредност од 51,12 ЕВРА5. Силекс банка АД Скопје- Основна главнина 184.040 обични акции и 43.273 приоритетни акции по номинална вредност од 43,46 ЕВРА.Со овие акции на Официјалниот Пазар на Македонската берза АД Скопје ќе се тргува од 11.12.2002 година.