Од 04.12.2002 година на Официјалниот Пазар уште 5 акционерски друштва
среда, 04 декември 2002
Одборот на директори на својата седница одржана на 27.11.2002 година донесе Одлука за котација на Официјалниот Пазар на Македонската берза АД Скопје на следниве акционерски друштва:1. ЕМО АД Охрид-Основна главнина 347.248 обични акции, 20.393 приоритетни акции по номинална вредност од 60 ДЕМ.2. Фабрика за кабли Неготино АД Неготино- Основна главнина 164.038 обични акции и 5.962 приоритетни акции по номинална вредност од 25,56 ЕВРО.3. Фустералко Борец АД Битола- Основна главнина 84.302 обични акции и 2.573 приоритетни акции по номинална вредност од 100 ДЕМ.4. Технокомерц АД Скопје - Основна главнина 19.934 обични акции и 2.066 приоритетни акции по номинална вредност од 51,13 ЕВРО5. Комерцијално Инвестициона банка АД Куманово- Основна главнина 128.655 обични акции и 6.097 приоритетни акции по номинална вредност од 2.741,56 ДЕНСо овие акции на Официјалниот Пазар на Македонската берза АД Скопје ќе се тргува од 04.12.2002 година.