На 1 ноември, во просториите на Македонска берза АД Скопје се одржа Работилница за IPO во организација на БЕП – УСАИД во соработка со Македонска берза АД Скопје.
Работилницата имаше за цел генерално да ја објасни целокупната постапка за издавање на сопственички хартии од вредност (акции) по пат на јавна понуда и постапката за нивна котација на берза. Со програмата беа опфатени вообичаените постапки што се применуваат при издавање на хартии од вредност во меѓународната пракса, при што истовремено се стави акцент на деловите кои се карактеристични и се застапени во моменталната домашна правна рамка.
Работилницата со воведно обраќање ја отвори Главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев.
Предавачите на работилницата, професионалци со долгогодишно искуство, вработени во Македонска берза АД Скопје преку своите презентации дадоа осврт на следните области:
• Вовед за IPO како начин на прибирање на средства од страна на компаниите
• Легислативни аспекти на IPO – законска и подзаконска регулатива и постапки
• Тек на постапка на трансформација на ДОО/ДООЕЛ во АД и постапка на котација на Берза
• Различни можности за изведување на јавна понуда преку Берза