Откуп, продажба и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 03.11.2005
петок, 04 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 03.11.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 1.057 сопствени обични акции, по цена од 40 денари за една акција, преку 6 трансакции;
На 03.11.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 18 сопствени обични акции, по цена од 2.730 денари за една акција, преку 1 трансакциja .
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 03.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 323 обични акции,
-Макпетрол АД Скопје – 62 обични акции.