Откуп и продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 03.11.2004 година
четврток, 04 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 03.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 386 сопствени обични акции, по цена од 1.000 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 03.11.2004 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Гранит АД Скопје, преку 1 блок трансакција, изврши продажба на 57.582 сопствени обични акции, што претставува 1,87% од основната главнина, по цена од 94 денари за една акција, при што вкупната вредност на трансакцијата изнесува 5.412.708 денари.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 03.11.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Макпетрол АД Скопје – 8 обични акции.