Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 03.10.2006
среда, 04 октомври 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 03.10.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 386 сопствени обични акции по цена од 52 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 03.10.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 114 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 25 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 201 обични акции,
-Алкалоид АД Скопје – 52 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 1.238 обични акции,
-Скопски Пазар АД Скопје – 1.903 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 547 обични акции.