На 31.08.2021 година Комисијата за берзански индекс изврши вонредна ревизија на индексот ОМБ.
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Дванаесетта емисија (RMDEN12), Обврзниците за денационализација-Тринаесетта емисија (RMDEN13), Обврзниците за денационализација Четиринаесетта емисија (RMDEN14) Обврзниците за денационализација - Петнаесетта емисија (RMDEN15), Обврзниците за денационализација-Шеснаесетта емисија (RMDEN16), Обврзниците за денационализација-Седумнаесетта емисија (RMDEN17), Обврзниците за денационализација-Осумнаесетта емисија (RMDEN18), Обврзниците за денационализација-Деветнаесетта емисија (RMDEN19) и Обврзниците за денационализација-Дваесетта емисија (RMDEN20).
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметува индексот по новиот состав е 01.09.2021 година.
Следната редовна ревизија на индексот е на 15.12.2021 година.