Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
петок, 31 август 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 30.08.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-200 сопствени обични акции по цена од 47.940 денари за една акција, преку 1 трансакција;
-38 сопствени обични акции по цена од 49.999 денари за една акција, преку 4 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 30.08.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 718 обични акции,
-Макпетрол АД Скопје – 34 обични акции.