Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 31 јули 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 30.07.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 51 сопствена обична акција по цена од 31.010 денари за една акција, преку 5 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 30.07.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-АДГ Маврово Скопје – 37 обични акции,
-Тутунски комбинат АД Прилеп – 114 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 264 обични акции,
-Тетекс АД Тетово – 52 обични акции.