Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 28.07.2006
понеделник, 31 јули 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 28.07.2006 година Инвестбанка АД Скопје изврши откуп на:
- 88 сопствени обични акции по цена од 4.700 денари за една акција, преку 2 трансакции;
- 16 сопствени обични акции по цена од 4.730 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.07.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макпетрол АД Скопје – 89 обични акции,
-Благој Ѓорев АД Велес – 68 обични акции,
-Факом АД Скопје – 28 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 546 обични акции.