Јавна опомена за котираните друштва Благој Туфанов АД Радовиш, Јака 80 АД Радовиш, Струмица табак АД Струмица и Велестабак АД Велес
четврток, 31 мај 2018



На седницата одржана на 24.04.2018 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација:

·         Благој Туфанов АД Радовиш заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2017 година, не објавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2018 година и заради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 година
·         Јака 80 АД Радовиш заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2017 година, необјавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2018 година и необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 година.
·         Велес табак АД Велес заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2017 година, не објавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2018 година и не објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 година
·         Струмица табак АД Струмица заради необјавување на неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-30.09.2017 година, не објавување на известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 година ќе ги објави најдоцна до 15.03.2018 година и не објавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2017 година.