Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 30.05.2005 година
вторник, 31 мај 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 30.05.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 101 сопствени обични акции, по цена од 4.500 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 397 сопствени обични акции, по цена од 2.200 денари за една акција, преку 2 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 30.05.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ШИК Јелак АД Тетово - 127 обични акции;
- Гранит АД Скопје - 1.290 обични акции;
- Млаз АД Богданци - 211 обични акции.