Ревидиран извештај за 2003 година на Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци
понеделник, 31 мај 2004
Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 14.464.000 денари. Вкупната актива на Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци на 31.12.2003 година изнесува 1.776.868.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 1.087.763.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.