Ревидиран извештај за 2003 година на Аутомакедонија АД Скопје
понеделник, 31 мај 2004
Аутомакедонија АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 13.342.000 денари. Вкупната актива на Аутомакедонија АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 212.069.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 40.169.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Аутомакедонија АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.