Известување од ДГ Бетон АД Скопје
понеделник, 31 мај 2004
ДГ Бетон АД Скопје известува дека Собранието на акционери одржано на 21.05.2004 година ги донело следните одлуки:
1. Одлука за распределба на остварената добивка во 2003 година на следниот начин:
- Дивиденда за ПИО: 736.772 денари;
- Резервен фонд: 3.736.071 денари;
- Резервен фонд-за откуп на сопствени акции: 6.550.500 денари;
- Нераспределена (акумулирана) добивка: 13.883.794 денари.
Имајќи ја предвид општата економска состојба во стопанството, а особено во градежништвото, намалената ликвидност, како и висината на остварената добивка, Собранието го усвои предлогот на Управниот одбор на ДГ Бетон АД Скопје, да не се исплатува дивиденда за 2003 година.
2. Одлука за одобрување на купување на 4.367 обични сопствени акции во вкупна номинална вредност од 1.116.406 евра, односно 68.427.985 денари. Купувањето на сопствените акции ДГ Бетон АД Скопје ќе го врши од делот од добивката за 2003 година распореден за откуп на сопствени акции, во износ од 6.550.500 денари.
Откупот на акциите ќе се изврши најдоцна до 21.05.2005 година. Најниската цена што може да се исплати за купување на сопствените акции се утврдува на 800,00 денари за една обична акција, а највисоката цена се утврдува на 1.700,00 денари за една обична акција.
Купените сопствени акции ДГ Бетон АД Скопје ќе ги продаде во рок од една година од денот на нивното стекнување.