Известување од Алкалоид АД Скопје
понеделник, 31 мај 2004
Алкалоид АД Скопје достави известување до Македонската Берза, во кое наведува дека е во преговори со стратешки партнер за потенцијална аквизиција. Компанијата со која Алкалоид разговара е Актавис (до 17.05.2004 година позната под името Фармако), исландска генеричка фармацевтска компанија со седиште во Рејкјавик.
Алкалоид АД Скопје работи паралелно во два правци:
1. Сопствен развој, инвестирајќи во нови, современи производствени капацитети, проактивен маркетинг и освојување на нови пазари и
2. Изнаоѓање на стратешки партнер, при тоа имајќи ги предвид современите процеси на глобализација. Во однод на потенцијалната аквизиција, Алкалоид во преговорите ќе влезе со неколку основни барања: добра цена за акциите, развоен план за компанијата, заштита на вработените и заштита на менаџерскиот тим.