Ве известуваме дека согласно член 58а од Правилата за тргување, Македонска берза во 11:35:12 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 60 минути. Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пораст од 7,15%, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени.
Прекин на тргувањето на сите пазари на Берзата
вторник, 31 март 2020